Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, имаше средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и заменик-амбасадорот, Роман Буга. На средбата се разговараше за тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина, како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа 1 милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови.

Амбасадорката Дир побара помош од страна на ЕСМ во обновувањето на инфраструктурата за производство на електрична енергија во Украина.

ЕСМ ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за нашите граѓани во границите на Македонија, туку и за сите луѓе кои се соочуваат со предизвици и на кои може да им се помогне, соопшти компанијата по состанокот. ЕСМ ќе помогне со опрема и делови кои ги има на залиха, а кои во моментот не се неопходни за користење.

Покрај за производството на електрична енергија, од украинската амбасада беше побарана помош и за преносниот систем за електрична енергија, за што ќе треба да помогнат другите фирми од електро-енергетскиот систем.