Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека САД категорично се противат на враќањето на српските сили на северот на Косово и Метохија.
На прашањето каков ќе биде одговорот на САД доколку Белград навистина испрати војници на северот на Косово, Ескобар одговори дека не очекува тоа да се случи.
Ескобар посочи дека се надева оти наскоро ќе се дојде до решение и наскоро ќе бидат отстранети барикадите на северот на Република Косово, како и дека претставниците на Србите кои ги напуштија институциите ќе се вратат на своите позиции.