Инциденти пред Собранието, откако дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда и сакаат да влезат во зградата.

Пред вратите на Собранието, има голем полициски кордон, што ги спречува присутните демонстранти.

Дел од демонстрантите се со качулки и фантомки на главите.

Се слушаат и експлозии од шок-бомби. Полицајците со штитници не дозволуваат да ескалираа состојбата.

Претходно насобраните граѓани негодуваа на говорите на присутните на бината. Летаат камења и шишиња кон полицајците кои ја штитат зградата на Собранието.