Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, потврди дека 57 лица, кои беа повредени во вчерашниот терористички напад на ПКК во Истанбул, се пуштени од болница и дека лекувањето на 24 лица продолжува, јавува агенцијата „Анадолија“ (AA).

Јерликаја на социјалните мрежи ја сподели најновата информација во врска со повредените во терористичкиот напад на улицата Истиклал, во кој загинаа шест лица.

„Ослободени се 57 наши повредени, кои беа згрижени во болницата поради експлозијата во улицата Истиклал. Од 24 пациенти, шестмина се на интензивна нега. Состојбата на двајца пациенти сè уште е сериозна“, изјави Јерликаја.

Рано утринава шефот на турската полиција, Сулејман Сојлу, соопшти дека е уапсено лицето што ја постави бомбата во Истанбул.