Ердоган најави договор со Путин: Се гради гасен центар! Европа ќе добива гас преку Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави договор со рускиот претседател Владимир Путин за формирање гасен центар во Турција, најголем во Европа.

Денес европските земји активно бараат начини за купување гас, додека Турција нема такви проблеми, рече Ердоган, цитиран од турската новинска агенција Анадолу

„Путин го кажа токму тоа – Европа може да купува гас преку Турција“, рече Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на состанокот на парламентарната фракција на владејачката Партија на правдата и развојот во Анкара во средата.

На предлог на рускиот претседател, новиот центар би можел да стане трговска платформа која ги одредува цените на европскиот пазар, бидејќи холандскиот центар ТТФ повеќе не ги одредува реалните цени.

Еден ден претходно Турција објави подготвеност на локалната инфраструктура за создавање на гасен центар.

„Гаспром“ е технички подготвен да изгради капацитети за пренос на гас на Црното Море и да создаде платформа за трговија со гас на границата на Турција и Европската унија, изјави на 12 октомври шефот на компанијата Алексеј Милер.

„Технички сме подготвени да изградиме капацитети за пренос на гас. Што се однесува до центарот, без сомнение треба да се разгледа ова прашање за трговска платформа на границата на Европската унија и Турција“, рече Милер.

Според зборовите на вицепремиерот на Руската Федерација Александар Новак, станува збор за поставување нови гасоводи преку Црното Море во близина на Турски тек.

Турски тек е гасовод од Русија до Турција, поставен по дното на Црното Море. Капацитетот на двете гасоводни линии е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно – по 15,75 милијарди кубни метри – едната кон Турција, а другата – преку Турција во транзит до земјите од јужна и југоисточна Европа.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...