Младата ѕвезда на Барселона, Гави заработи тешка повреда во натпревар за шпанската репрезентација и за него сезоната е завршена.

Гави беше во извонредна форма, но ги скина лигаментите на коленото па го чека пауза од 6 до 8 месеци.


Македонија vs Англија: Погоди точен резултат и освој БЛУЗОН
↓↓↓


Шпанските медиуми открија дека 19-годишниот фудбалер бил во многу лоша психолошка состојба по претрпената повреда, а денеска за првпат пристигнат во тренинг центарот на својот клуб.

Гави во Барселона каде што имаше емотивна средба со неговите соиграчи и тренерот Чави кои му посакаа брзо опоравување.

Писмо со поддршка за Гави испрати и претседателот на вечниот ривал, Реал Мадрид, Флорентино Перез.