Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓


Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на фантастичен начин дебитираше на официјален натпревар за Фенербахче.

Првиот настап го забележа во победата од 5:0 над молдавски Зимбру во 2. коло од квалификациите за пласман во групите од Конференциската лига.

Џеко веќе играше за Фенербахче и постигна голови, но само на подготовките на пријателските натпревари.

Вечерва првпат имаше можност да се покаже пред своите фанови и тоа успеа да го направи во најдобро светло. Тој постигна гол и додаде две асистенции.

Реваншот се игра за една недела во Кишињев, а веќе е јасно дека Фенербахче ќе игра во третото прелиминарно коло од Конференциската лига.