Бананите можат да бидат добар избор во една по малку неочекувана ситуација и да помогнат при проблемот кој мачи голем број луѓе, а тоа е – несоницата.

Обично сме навикнати да јадеме банани наутро, за ужина или во ситуации кога ќе забележиме дека ни треба шеќер. Тоа е еден од најпопуларните видови на овошје кое содржи витамин Б6, калиум, влакна и магнезиум, но и голема количина шеќер, поради што не се препорачува да се јаде премногу.

Но, бананите можат да бидат добар избор и во една по малку неочекувана ситуација и да помогнат при проблемот кој мачи голем број луѓе, а тоа е – несоницата.

Несоницата спаѓа во групата на болести на нервниот систем. Се карактеризира со тешкотии во обидот да се заспие, многу лесен сон и чести будења во текот на ноќта, како и тешкотии во обидот повторно да се заспие.

Несоницата се дели на минлива или краткотрајна, повремена и хронична, односно постојана.

Кога страдаме од несоница, често посегнуваме по разни средства со надеж дека тие ќе ни помогнат да заспиеме побрзо и да не се будиме во текот на ноќта.

Може да помогне и бананата, барем така тврди д-р Алан Мандел, алтернативен здравствен практичар, кој вели дека во случај на несоница треба да изедете банана половина час пред да си легнете.

Бананите се полни со витамин Б6, кој делува така што ја претвора аминокиселината триптофан, важна за добар сон и расположение, во серотонин, невротрансмитер кој го контролира лачењето на мелатонин во епифизата во мозокот.

Хормонот мелатонин, познат и како хормон за спиење, го контролира нашиот внатрешен часовник и поради неговото зголемено лачење навечер се чувствуваме поспани.

„Изедете банана половина час пред спиење за да спиете подлабоко и да се разбудите освежени“, советува д-р Алан Мандел.