Еди Рама бара да се отфрли извештајот на Дик Марти за „жолтата куќа“

Албанскиот премиер Еди Рама испрати писмо до земјите-членки на Советот на Европа (СЕ) во кое бара од нив да го отфрлат извештајот на Дик Марти за трговија со човечки органи, јавуваат Репортерс, пренесува Танјуг.

Рама побара и поддршка од земјите членки на СЕ за иницирање процес кој ќе доведе до нов извештај кој ќе го исправи она што албанскиот премиер го нарекува „трагична грешка“.

Рама го испрати писмото до шефовите на држави и влади на сите земји членки на Советот на Европа, по „напорите започнати на меѓународно ниво“ со говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, за отстранување, како што наведе, на стигмата за трговијата со човечки органи за албанската нација и стигмата на самиот Совет.

Рама тврди дека 11 години по усвојувањето на Резолуцијата во Советот на Европа врз основа на извештајот на Марти, нема докази за трговија со човечки органи.

„Единаесет години подоцна, сите истражни напори направени оттогаш, на национално, на регионално или на меѓународно ниво, за докажување на обвиненијата за трговија со човечки органи, успеаја да го докажат она што беше познато: нема апсолутно никакви докази, ниту во Албанија, ниту на друго место во регионот, за вадење и тргување со органи, за што може да се обвинат и припадници на Ослободителната војска на Косово“, напиша албанскиот премиер.

 

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...