УЕФА објави кои три гола се прогласени за најдобри по групната фаза на натпреварувањето според гласовите од навивачите.

Првото место му припадна на Лионел Меси за неговиот гол во Лисабон на натпреварот од третото коло помеѓу Бенфика и неговиот Пари Сен Жермен кој заврши нерешено 1:1. Славниот 35-годишен Аргентинец брилијантно реагираше во 22. минута по акцијата со Бразилецот Нејмар и во негов стил ги доведе „светците“ во водство.

Второто место му припадна на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд за неговиот гол во второто коло против неговиот клуб Борусија Дортмунд вчера (2:1). Норвежанецот во стилот на славниот Јохан Кројф им донесе победа на „граѓаните“ во 84. минута.

Интересно е што и третото место му припадна на Меси за гол во мечот од петтото коло со израелскиот Макаби (7:2). На тој меч славниот Аргентинец постигна два гола, а беше избран првиот водечки гол на натпреварот.

Коментари