Пејачката Шакира на крајот на мај ја прекина долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике, со кој има два сина. Сега, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека пејачката е на летен одмор со своите деца далеку од Барселона, каде што живеат.

Токму како што и се шпекулираше дека Шакира копнее да ја напушти Барселона, каде што животот по раскинувањето со Пике веќе не ѝ е најудобен, таа ги спакувала куферите и го напуштила градот. Затоа славната Колумбијка го искористи летниот одмор и периодот во кој нема музичка турнеја и замина во Мексико со синовите Саша и Милан.

Shakira shows off her curves in a lavender bra and shorts on a beach in  Cabo San Lucas with her sons - Ukwithny