Од Демократската унија за интеграција информираат дека капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 година се предвидени да бидат 800 милиони евра, еден развоен буџет или процентуално изразено 52,3 % повеќе капитални инвестиции во споредба со овогодинешниот буџет.
Капиталните инвестиции се насочени кон инфраструктурни проекти во земјата, но и за поврзување со земјите од регионот со што ќе се обезбеди побрз економски раст и развој, подобри услови за развој на домашните компании и странски инвестиции, вклучувајќи подобар развој на бизнисот, инвестиции во капитални проекти во здравството, образованието, инфраструктурата, земјоделството, заштитата на животната средина, гасификацијата и енергетика.
Демократската унија за интеграција оценува дека во ова време на криза капиталните инвестиции ќе обезбедат подобра иднина и подобар животен стандард за сите граѓани. Со одговорно управување и спроведување, капиталните инвестиции ќе обезбедат непречена транзиција кон закрепнување и развој на економијата.
– Интензивно продолжуваат работите за изградба на железничката линија долж Коридорот 8, 250 милиони евра за изградба на патните коридори 8 и 10-Д, рехабилитацијата на локалните патишта и изградбата на социјални станови во повеќе општини.
– Продолжува гасификацијата во повеќе делови од државата, минатата недела целосно беше завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија,
– Капиталните инвестиции во земјоделството продолжуваат да обезбедуваат раст на локалното производство, како и поддршка за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор,
– Во областа на здравството се предвидени капитални инвестиции како изградба и реконструкција на јавни здравствени установи и набавка на медицинска опрема, додека во областа на образованието, детската заштита и спортот – реконструкција на студентски домови, современа опрема и се предвидуваат реконструкции на универзитетите.
– Новиот буџет предвидува продолжување на реализацијата на инвестицискиот циклус во енергетскиот сектор, кој треба да обезбеди зголемување на локалниот енергетски потенцијал,
– Главен приоритет во буџетот за 2023 година е заштитата на животната средина, вклучувајќи изградба на пречистителни станици, канализациони мрежи и воспоставување на регионален систем за управување со отпад и затворање на депониите во источниот и североисточниот регион.