„Потрошувачите чии права се повредени имаат право на надоместок на штета која ја претрпеле, а за трговците следат глоби санкции и забрана за вршење на дејност. Од 500 до 10000 евра казна и привремена или целосна забрана за вршење на дејност на трговците и од 15 до 30 дена забрана за работа за микро или малите трговци“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

„Владата го усвои денес законот за заштита на потрошувачите. Главната цел е да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и сите да уживаат високи стандарди. Како резултат на анализата со овој закон се обезбедува високо ниво за заштита на потрошувачите и овозможува полесни услови за деловно работење“, вели Бектеши.

Како што вели тој, новото законско решение се овозможува за подобро информирање и едуцирање на правата на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови.

„Новината е дека се дава посебно внимание на нечесни трговски и измамнички трговски практитки при продажба на стоките. Одредена трговска практика се смета за нечесна доколку пласира лажни информации и предизвикува просечниот потрошувач да донесе одлука што инаку не би ја донел. Законот ќе важи за сите производи“, дополнува Бектеши.