Доставени се сметките за парно греење, сумата е иста со септември, велат од ЕСМ
Сметките замесец октомври за парно греење на скопјани им се доставени и во тек е нивната наплата, велат од АД ЕС Износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август и септември, вели директорката за производство , Александра Маројевиќ на денешната прес-конференција.
Маројевиќ информира дека во самата фактура е прикажан износот на финансиската поддршка за секое домаќинство – потрошувач.
На оние домаќинства кои досега фактурите ги добивале електронски сметките им се испратени на нивни мејл адреси, додека на останатите им се испратени во хартиена форма..
Маројевиќ денеска го претстави новиот пункт за потрошувачи, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ, на улицата 11 Октомври, во ГТЦ, каде потрошувачите можат да ги платат фактурите за топлинска енергија и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура. Истото може да се стори и во другите два пункта на ЕСМ Снабдување на кои функционираат од 15-ти октомври, едниот лоциран на во населбата Тафталиџе и другиот лоциран во населба Аеродром, додека пунктот на ЕСМ кај Олимписки базен е затворен.