„Дневен политички маркетинг“. Вака пратеникот и претседателот на Демократскиот сојуз (ДС) Павле Трајанов ја оценува иницијативата на партијата „Алтернатива“ за уставни измени, со кој кривичните дела за злоупотреба на службена должност нема да застаруваат.

– Тие доцнат едно 15 години. Уште во 2005 јас тоа го предлагав со проектот „Декрим“. Е спротивно на сите меѓународни конвенции околу застареност. Само две дела не може да застареат, а тоа се делата против човештвото и војни злосторства, сите други има рок на застарување. Јас во прокетот „Декрим“ што го подготвив 2005 година, а кој е сеуште актуален меѓудруго предложив да нема застарување на кривични дела поврзани со криминална приватизација, злоупотреба на службена положба и сл. Ако тргнеме од Европските конвенции, Обединетите нации, значи застареност нема само за кривични дела против човештвото и војни злосторства, за се друго има застареност. Не може да нема застреност, тоа е правниот проблем што ние мора да го респектираме. Инаку, повеќе партии тоа го предлага, СДСМ едно време го предлагаше, Бранко Црвенковски итн., тоа е дневен политички маркетинг сега, изјави Трајанов за „Локално“.

То потенцира дека нема услови за такви промени и носење на таков закон, коj ќе ја избрише застареноста. „Ова никако неможе да се изведе ни со уставни измени, ни со закони“.

Партијата Алтернатива излезе со свој предлог за уставни измени, со кој кривичните дела за злоупотреба на службената должност нема да застаруваат. Лидерот на ова партија Африм Гаши изјави дека очекува за нивниот предлог да се обединат сите политички партии во земјата.

„Законите можат да имаат повратно дејство и во случаите поврзани со застарување на кривичната одговорност за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица при практикување на јавни овластувања со кои е причинета штета на јавните фондови, буџетските средства на централно и локално ниво и со таквите злоупотреби е стекната противправна имотна корист“, е предлогот на Алтернатива.

Д.Ј.