Голманот на македонската фудбалска А репрезентација, Столе Димитриевски од следната сезона ќе ги брани боите на Валенсија.
Ова не е потврдено од клубот, но добро познатиот новинар и експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо на социјалните мрежи објави дека нашиот чувар на мрежата потпиша договор на четири години, до јуни 2028 година.
До сега за Валенсија настапуваше грузискиот голман Гиорги Мамардашвили за чии услуги има интерес од Њукасл и Атлетико Мадрид.
Димитриевски својата професионална кариера ја започна во Работнички, а во 2012 година настапува во Шпанија.
Најпрвин беше дел од Б тимот на Гранада, па испратен на позајмица во Кадиз Б, ги бранеше и боите на Гранада и Химнастик, а потоа се пресели во редовите на Рајо Ваљекано.
Седум години беше дел од мадридскиот клуб, сезонава во „Ла Лига“ нашиот 30-годишен голман запиша 37 настапи и воедно успеа да обезбеди опстанок во елитата.