ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска го најавија и го спроведуваат проектот „Предложи идеја“ со кој општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе собираат идеи од граѓаните за тоа како да се трошат средствата од буџетите за следната година.

Иако не е ништо ново и ваква пракса но насловена како „Граѓански буџет“ спроведуваа одредени градоначалници и од другите политички партии, сепак ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ова го продаваат како револуционерна идеја.

Овој проект, многу потсетува на „Денот на идеи“ што Никола Груевски како премиер го организираше во Владата пред десеттина години, со цел како што тогаш велеа од Владата, да се слушнеле потребите на граѓаните.

Дел од тие проекти на тогашната власт беа дел од проектот Скопје 2014, а ВМРО-ДПМНЕ тогаш ги бранеше дека биле на барање на граѓаните, односно дека биле предлагани од граѓаните на „Денот на идеите“.

Оттаму, се отвора сомнеж дека ваквите настани можат да бидат параван за слични проекти, смислени од ВМРО-ДПМНЕ, а предложени од „обични“ граѓани, со цел во иднина да се избегне директна одговорност.

Сомнежите за таквото нешто, ги подгреваат и неодамнешните изјави и на Стевчо Јакимовски и на Данела Арсовска, дека Мицкоски вршел директни притисоци и се мешал во работата на градоначалниците, предлагајќи одредени проекти.

Очигледно дека ова е проверен начин на ВМРО-ДПМНЕ да се реализираат нивни проекти кои ќе се претстават како идеја на граѓаните.