По повод 111-годишнината од независноста на Република Албанија, претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети организира Свечена академија по повод Денот на Албанското знаме.
Како што соопштуваат од ДУИ, настанот ќе се одржи денеска, 28 ноември, со почеток во 17:00 часот во Филхармонија на Република Северна Македонија.
Целосно известување:
Почитувани, Ве известуваме дека на 28.11.2023 година, под подпокровителство на претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ќе се организира Свечена академија по повод Денот на албанското знаме, која ќе се одржи во Филхармонија на Република Северна Македонија, со почеток во 17 часот.