Денес во Собранието ќе се одржат седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за  надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.

На седницата на Комисијата за надворешна политика се платформите за дипломатските активности, како што е најавено, ќе ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С.Македонија во Република Турција, Јован Манасијевски и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С. Македонија и шеф на Мисијата на Република С. Македонија при Европската Унија во Брисел, Зулфи Исмаили.

Законодавно – правната комисија треба да одржи две седници.

На првата седница на комисија на дневниот ред, меѓу другите се Предлог – законот за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, Предлог – законот за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за семејство, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка.

На втората седница, како што е најавено, Законодавно правната комисија  ќе расправа по Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. На агендата е и Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, по скратена постапка

Пратениците членови на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на седницата ќе расправаат по Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по скратена постапка, како и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, по скратена постапка.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...