Нема политички консензус за законот за висока раководна служба, кој треба да ја врати довербата кај стручниот кадар во процесот на именувањата, вели во изјава за „Локално“, Трпе Деаноски, претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).

Трпе Деаноски

Трпе Деаноски

– Според предложеното законско решение директорите на јавните институции, јавни препријатија, генералните секретари на локалните заедниции, државни функсионери не треба да бидат лица именувани од Владата, туку да бидат лица кои ќе се бираат на јавен конкурс или оглас со одредени стручни калификации. Само на тој начин кога ќе ставите на чело на институциите луѓе што не се партиски, нормално дека ти е луѓе ќе треба да вработуват луѓе што не се партиски туку стручни кадри. „Рибат смрди од глава не од опашка“ – вели народот. Меѓутоа тој закон го кочат политичките партии од проста причина што ако се донесе, политичките партии веќе нема да можат да стават нивни кадри на раководни позиции. Министерството за информатичко општество и администрација прави напори, но не само до министерството, треба сите да го придонесат да имаме консензус од сите политички парти. Сега тој консензус јас колку што знам го нема, изјави Деаноски.

Темата на партизација на администрацијата беше дебатирано и на последната средба на централното претседателство на ДУИ. „Огнената група“ по елаборатот на првиот вицепремиер Артан Груби имаше забелешки за прашањето поврзани со вработувањата, за што од Груби добија одговор дека партиска одлука е да престане практиката на луѓе да земаат плата, а да не одат на работа.

Инаку, со Законот за висока раководна служба државата прави напори да ја врати довербата кај квалитетните кадри, кои не веруваат во фер и транспарентен процес на именувања во институциите.

Адмирим Алити

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити изјавил дека политиките, кои се носат се во насока на создавање систематски решенија, односно транспарентни мерит системи.

– Ние мислиме дека решенијата треба да бидат системски, односно тие промени кои треба да бидат во законите, како овој и Законот за административни служби. Имаме закон и за реорганизација на институциите, сите се во таа насока да ги направиме нашите системи потранспарентни, да има мерит систем кога станува збор за вработувањето и нашите институции да бидат водени од професионални луѓе, а не од партиски послушници кои се поставуваат од политичките партии. Така што сите политики се во таа насока, изјави министерот.

Д.Ј.