Френки де Јонг беше во центарот на вниманието во текот на целиот трансфер период, бидејќи Барселона го стави на трансфер листа.
Барселона преговараше со Манчестер Јунајтед и Челзи и инсистираше да го продаде Де Јонг поради финансиски причини.
Холанѓанецот се одлучи за еден игнорантен однос, со кој одби неколку примамливи понуди, особено онаа од Манчестер Јунајтед.
На крајот, Де Јонг не направи трансфер и остана во Барселона, а сега прв пат проговори на таа тема.
„Интересот на Челзи и Манчестер јунајтед? Јас веќе во мај одлучив дека сакам да останам во Барселона. Никогаш не ја променив таа одлука во текот на летото. Секогаш сакав да останам во Барселона и за мене ова лето секогаш беше мирно, без разлика како изгледало отстрана“.
„Не смеам да ви откривам многу детали, но ќе бидам краток. Клубот има понекогаш свои идеи, а јас имам мои. Во такви ситуации, понекогаш доаѓа до судир на интереси. Имавме судир, но на крајот работите завршија како што завршија“, изјави Де Јонг.