Роберт де Ниро повторно ќе работи со авторот на Goodfellas („Добри момци“), Николас Пилеги, на претстојниот филм насловен Wise Guys, во кој ќе портретира два различни мафијашки шефови.

Де Ниро повторно ќе се обедини со Николас Пилеги за нов филм

Пилеги, кој исто така е косценарист на „Казино“ во режија на Мартин Скорсезе, а во кој глуми Де Ниро, ќе работи со режисерот Бери Левинсон за да го изработи филмот, пишува „Холивуд репортер“.

Роберт де Ниро: Некогаш инспиративната Америка сега е трагична глупава  комедија | МКД.мк

Филмот ќе биде интересен предизвик за Де Ниро, бидејќи 79-годишниот двократен добитник на „Оскар“ ќе има двојни улоги како вистинските италијанско-американски мафијаши и ривали Вито Џеновезе и Френк Костело, откриваат извори за „Холивуд репортер“.