Данската премиерка Мет Фредериксен, чија партија тесно победи на општите избори, поднесе оставка денеска и ќе почне да ги истражува можностите за нова политичка коалиција, соопштија нејзините соработници, пренесе „Ројтерс“.
Се очекува овие разговори да бидат долги бидејќи нејзините политички соработници и противници изразија скептицизам кон ваквата коалиција поради што исходот е неизвесен, наведува британската агенција.
„Им благодарам на сите Данци што ни ги доверија своите гласови, тоа е огромна чест, иако многумина се сомневаа во нас“, изјави синоќа Фредериксен, пренесе „Танјуг“.