Поранешниот актер на Џејмс Бонд филмовите Даниел Крег, повикува да се стави крај на „бруталното“ оружје ширум светот и го критикува Кремљ што го употребувал во агресијата врз Украина.

Даниел Крег повика на прекин на употребата на касетни бомби ширум светот, бидејќи украинските цивили се соочуваат со немилосрдни напади од Русија, пишува британски Телеграф.

Крег ќе се обрати на конференцијата на Обединетите нации во Женева, со која претседава Обединетото Кралство за време на нејзиното претседавање со Конвенцијата за касетна муниција.

Конвенцијата за касетна муниција бара да се стави крај на производството, продажбата и складирањето на бомбите.

Околу 110 држави го ратификуваа договорот, иако Кина, Русија, Индија, Пакистан и САД допрва треба да го потпишат.

Русија постојано користела касетна муниција во Украина, која – според Хјуман рајтс воч – е единствената земја во светот каде оружјето се користи  и овој месец.

Во видео пораката, Крег, кој во 2015 година беше назначен за застапник на ОН против нагазни мини, вели: „Цивилите премногу често ја плаќаат цената кога се користат овие брутални оружја.

„Во мојата работа со Службата за мини на Обединетите нации, видов колку долго по конфликтите, штетата предизвикана од касетна муниција опстојува. Неверојатно, ние сè уште гледаме употреба на касетна муниција денес, неодамна во Украина, вели Даниел Крег.

„Земјите кои сè уште користат и произведуваат касетна муниција треба да престанат да го прават тоа. Тоа е варварско оружје што се користи главно врз цивилното население за ширење страв и вознемиреност“.

Подготви: Ј. Ѓ.