Даниел Крег ја добива истата кралска чест како Џејмс Бонд

Крег и Бонд се уште повеќе поврзани овие денови.

Крег можеби заврши со портретирањето на тајниот агент 007, но наследството на ликот останува испреплетено со она на актерот.

Принцезата Ана го одликува Крег (54) со „Орден на свети Мајкл и свети Џорџ“, британски орден за витештво основан во 1818 година. Тоа е истата чест што ја доби и неговиот измислен лик 007.

На социјалните мрежи во вторникот беше споделена фотографија од кралското семејство, кое му ја оддава честа на Крег.

We’ve been excepting you („Ве очекувавме…“) се наведува во твитот. „Кралската принцеза му врачува на Даниел Крег „Орден на свети Мајкл и свети Џорџ“ – истата чест што ја има неговиот лик Џејмс Бонд – како признание за неговиот исклучителен придонес во филмот и театарот.“

Крег претходно беше именуван за почесен командант во Кралската морнарица на Обединетото Кралство во септември 2021 година. Ликот Бонд исто така бил член на Кралската морнарица.

Мандатот на Крег како Џејмс Бонд се прошири на пет филма, вклучувајќи ги „Казино Ројал“ (2006), „Трошка надеж“, (2008), „Скајфол“ (2012) и „Спектре“ (2015). Тој се повлече од улогата со „Не е време за умирање“ од 2021 година.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...