Летото за пејачот штотуку започна. Даниел Кајмакоски пред неколку година се пресели во соседна Србија, каде продолжи да ја гради својата музика кариера.

Фото: Принтскрин- Инстаграм

Пејачот е активен на музичка сцена, а заедно со својот бенд преку целото лето настапуваше низ регионот. По напорната работа пејачот реши почетокот на месец септември да го искористи и да ужива покрај море.

Фото: Принтскрин- Инстаграм

Кајмакоски не е премногу активен на социјалните мрежи и секојдневно не објавува за актуелните случувања во неговиот живот, а многу ретко открива детали од неговиот приватен живот. Сепак, овој пат пејачот реши да не почести со неколку фотографии.

 

Кој вели дека летото завршило? Се надевам дека и вие уживавте во вашиот одмор како и јас… Се уште ве сакам без огледа на се! – напиша Даниел во описот на фотографија која пејачот ја сподели со своите следбеници.

Фото: Принтскрин- Инстаграм

Даниел на својот инстаграм профил се пофали дека одморот го поминува во женско друштво. На фотографиите може да се забележи дека Даниел и дамата која е во негово друштво се разладуваат со пиво, уживаат под сончевите зраци и мирното море.

Фото: Принтскрин- Инстаграм

Каде точно летуваат и која е девојката која е во негово друштво не знаеме, но веруваме дека уживаат еден покрај друг.