Ветеранот Дани Алвеш вечерва се очекува да стане најстариот капитен во историјата на Бразил на едно Светско првенство.


Роналдо плаче за гол, ќе слави ли Србија? – 13 ден ↓↓↓


Алвес ја доби честа од Тите да ја носи капитенската лента на натпреварот против Камерун. „Кариоките“ веќе обезбедија пласман во нокаут фазата, а се борат за првото место во групата.

„За мене е многу голема работа што го носам бразилскиот дрес и горд сум на сите успеси. Со бразилската репрезентација сум со години и среќен сум што можам да го завршам овој циклус со настап на Светско првенство. Во овие 16 години го давав мојот максимум, а секогаш сум мислел дека животот ги наградува тие кои го прават тоа што го сакаат“, изјави Алвеш.