Еден ден по вчерашното финале на Светското првенство во кое Аргентина славеше победа по изведувањето на пенали откако по 120 минути фудбал резултатот беше 3:3 Французите се жалат дека третиот гол на Аргентинците требало да биде поништен.
Италијанецот, Пјерлуиџи Колина истакна пофалби за судењето на Полјакот Симон Марчињак, сепак „Л’Eкип“ пишува за голем пропуст на полскиот арбитар. Според познатиот весник голот на Меси за 3:2 требало да биде поништен.
Имено, тие потенцираат дека двајца фудбалери на Аргентина тргнале предвреме да се радуваат и влегле на теренот пред голот да биде постигнат.
„Л’Eкип“ додава дека и покрај тоа што двајцата фудбалери не влијаеле на играта, правилата си се правила и во таква ситуација се суди индиректен удар.
For the record according to the rules Messi 2nd goal shouldn’t have stood after 2 Argentina’s extras were on the pitch during play… but of course the 4th official (who reports even a whisper from the bench to the referee) ignored this. pic.twitter.com/bS5on8RL42
— M•A•J (@Ultra_Suristic) December 19, 2022