
Често пати од Србија ни пристигнуваат видеа од сомнителни фудбалски натпревари, таков е случајот сега со натпреварот помеѓу Борец Чачак и Пролет кој заврши со победа од 3:1 за Борац.




За изненадување натпреварот започна со водство на Пролет од 1:0, а потоа Борец почна да постигнува чудни голови.




На снимката од головите може да се види како играчите на Пролет не сакаат да реагираат при нападите на противничките играчи.




Целиот хаос започнува на четвртата минута од видеото.