ЦИК на БиХ ги потврди изборните резултати, Додик претседател на Република Српска

Централната изборна комисија на БиХ денеска ги потврди и објави резултатите од општите избори одржани на 2 октомври годинава.     ЦИК соопшти дека одлуката за потврдување на резултатите за сите изборни нивоа е донесена откако Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина ги отфрли или ги оцени како неосновани жалбите на политичките партии на претходно објавените изборни резултати и барањето на опозициските партии за „поништување на изборите во Босна и Херцеговина“. ЦИК на 27 октомври ги утврди резултатите од изборите за сите нивоа на власт, освен за претседателот на РС, бидејќи опозициските партии од тој ентитет на БиХ поднесоа жалба до Судот на БиХ, наведувајќи дека „огромни нерегуларности“ се случи на тоа изборно ниво, поради што бараа поништување.изборите. Откако нареди пребројување на гласовите за претседател и потпретседатели на РС, ЦИК на 27 октомври објави дека Милорад Додик (СНСД) е избран за претседател на Република Српска, а Давор Прањиќ и Ќамил Дураковиќ се избрани за потпретседатели од редовите на хрватскиот и бошњачкиот народ. ЦИК со денешната одлука ги потврди тие изборни резултати. Од денеска, како што наведоа, течат официјалните рокови за формирање влада на сите изборни нивоа. Граѓаните на Босна и Херцеговина на 2 октомври гласаа за членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, државниот парламент, претседателот и потпретседателите на РС, Народното собрание на РС, парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, како и собранијата на десет кантони во Федерацијата Босна и Херцеговина. За нови членови на Претседателството на БиХ се избрани Денис Беќировиќ (СДП), Жељка Цвијановиќ (СНСД) и Жељко Комшиќ (ДФ).

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...