
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов постигна гол на првиот официјален натпревар за Штутгарт во новата сезона.




Чурлинов беше стрелец во Купот на Германија во мечот против Дрезден. На вистинското место македонскиот репрезентативец се најде после половина час игра и успешно ја смести топката во мрежата.




Треба да се спомене дека Чурлинов беше одличен и во припремниот натпревар, па така најавува добра сезона.