Четворица поранешни хрватски министри под истрага за корупција

Четворица поранешни министри во влада на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се обвинети за корупција, потврди Жупанискиот суд во Загреб.

Според информациите, се работи за Дарко Хорват, Борис Милошевиќ, Томислав Толушиќ и Јосип Аладровиќ и четворица други осомничени во две гранки на истрагата покрената поради наводни незаконитости со доделувањето стимулативни мерки.

Министерот Борис Милошевиќ (СДСС) беше потпретседател во владата на Пленковиќ.

Заедно со поранешните министри, обвинети се и помошничката на Хорват, Ана Мандач, поранешниот државен секретар на Министерството за регионален развој Велимир Жунац, директорката на управата за помошни области Катица Мишковиќ и градоначалникот на Жупања, Дамир Јузбашиќ.

Иако сега сите четворица веќе ја напуштија функцијата, во моментот на покренување на истрагата против нив, во февруари годинава, во актуелната влада седеа тројца од нив: Дарко Хорват, Борис Милошевиќ и Јосип Аладровиќ. Четвртиот, Томислав Толушиќ, беше разрешен седум месеци претходно.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...