САД– Тела на уште две лица се пронајдени во подрачјето зафатено со шумскиот пожар што веќе пет дена беснее во северна Калифорнија недалеку од границата со сојузната држава Орегон. Со тоа бројот на жртви во најголемиот шумски пожар што годинава ја зафати Калифорнија се зголеми на четири.
Од петокот кога избувна пожарот досега пламенот уништи повеќе од 522 хектари шума, како и стотина објекти, од станбени куќи до придружни објекти.
Особено тешко е погодена крајбрежната енклава на реката Кламат со население од помалку од 200 луѓе, каде пожарот уништи бројни домови и центар на заедницата, рече таа.
Речиси пет илјади станбени згради се загрозени од пламенот.