Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денес по повод 28 септември Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до сограѓаните од бошњачката заедница.
„ Врз меѓусебното почитување на идентитетските вредности и еднаквоста како принцип на демократијата, нашата земја ја изгради здравата перспектива на развојот.
Заедно со истите прогресивни и прозападни определби бевме успешни во секој предизвик и заедно треба да продолжиме да чекориме кон хоризонтот на важните процеси на здравата иднина и реализацијата на заедничката цел на интеграција на нашата земја во Европската Унија.
Честит 28 Септември – Меѓународниот ден на вашиот народ, здравје, благосостојба и успех да имате секогаш во вашите семејства!“, истакна Груби.