Барселона ова лето успеа да договори неколку одлични засилувања, но каталонскиот гигант се уште работи на неколку трансфери.

Каталонците претходно ги ангажираа Франк Кеси и Андреас Кристенсен како слободни играчи, по што потрошија 100 милиони евра за Рафиња и Роберт Левандовски.

Челзи го имаше договорено Рафиња, но тој сепак реши да потпише за Барселона, а слична е ситуацијата и со Жил Кунде од Севиља.

„Мундо Депортиво“ пишува дека ова ги изнервирало главните луѓе во Лондон и решиле да ги прекинат сите преговори со Барселона за Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.

Барселона сакаше да ги ангажира двајцата фудбалери, но Челзи нема да ги продаде поради тоа што каталонскиот тим веќе им украде двајца фудбалери.