Челзи денес официјално го потврди трансферот на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

27-годишниот фудбалер доаѓа на „Стенфорд Бриџ“ за 47,5 милиони евра, а со „сините“ потпиша договор на 5 години со опција за продолжување на уште една сезона.

Стерлинг наскоро ќе им се придружи на своите нови соиграчи, кои моментално се на подготовки во САД.

Коментари