Поранешниот амбасадор, Арбен Чејку на третиот ден од Школата за млади лидери „ Peace Forum Dialogue “, зборувајќи за фигурата на лидер, за пример го посочи првиот човек на Демократската унија за интеграција, за кого рече дека не е лидер кој се бори за фотелја или функција, но е фигура што се бори за целата држава.
Чејку рече дека Ахмети е најдобриот дипломат што го има Северна Македонија.
„Ахмети како командант на ОВК го гарантираше спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Времето тоа го покажа и докажа. Создаде и институции за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Тој е најдобриот дипломат што го има Северна Македонија. Ахмети може да се споредува само со Ибрахим Ругова и со никој друг, тој одигра важна улога за мирот и стабилноста на РСМ“, рече меѓу другото Чејку.
Инаку, денеска е последниот ден од Школата за млади лидери „ Peace Forum Dialogue “ што го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во пресрет на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.