Тренерот на Барселона, Чави ја поздрави аргентиската ѕвезда и негов пријател Лионел Меси за освоената светска титула во Катар.

Аргентина во финалето ја победи Франција, а Чави истакна дека тоа било најубавото финале кое некогаш го гледал.

„Тоа беше неверојатен меч за публиката, еден од најдобрите кои сум ги гледал во животот. Мислам дека Аргентина беше подобра и заслужи победа. Жалам за моите играчи Дембеле и Кунде, но треба да го поздравам Меси кој конечно го освои трофејот кој му недостасуваше. Лео е најдобриот фудбалер во историјата и мој пријател“, изјави Чави.