Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот заменик премиер Артан Груби, колеги од Владата, претставници на бизнис заедницата денеска учествуваа на презентацијата на ИПАРД III МБП и ЕУ, во просториите на компанијата „Агро Река“ во општина Боговиње.

Во оваа прилика, преку објава на својата официјална страница на Фејсбук, Буши напиша дека земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија сега ќе има повеќе можности и буџет за финансирање.

„Заедно со лидерот Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, колегите од Владата, претставниците на бизнис заедницата денеска учествувавме на презентацијата на ИПАРД III МБП и ЕУ програмата, во просториите на компанијата „Агро Река“ во општина Боговиње.

Земјоделскиот сектор преку оваа програма, финансирана од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија ќе има повеќе можности за развој.

Воведуваме нова ера за земјоделството и другите сфери на рурална-деловната активност, со што директно ќе влијаеме врз растот на извозот и приходите на земјоделците ширум нашата земја.

ИПАРД III ќе помогне земјоделството, сточарството и руралниот развој да се унапредат на одржлив начин, а со тоа да се почитува природата преку заштита на шумите, заштита на животната средина и развојот на органското земјоделство“, истакна Буши.