Фудбалерите на бугарската репрезентација доживеале тешка сообраќајна несреќа во Грузија. На пат од аеродромот во Тбилиси до хотелот, синоќа се судриле двата автобуси кои ги превезувале најдобрите бугарски играчи, кои биле придружувани со полициско возило, согласно препораките за безбедност на УЕФА.

-Играчот од средниот ред Тодор Неделев има скршеница на черепот, информира бугарскиот спортски портал „Спортал“.

Несреќата меѓу двата автобуса се случила во тунел поради неприлагодена брзина.

-За состојбата на Неделев се информирани неговите родители. Во оваа фаза нема опасност по неговиот живот. Лекарот на репрезентацијата д-р Бисер Бочев цела ноќ ќе ја помине во болница за да ја следи состојбата на ѕвездата од Ботев. Не е јасно дали ќе биде потребна операција. Целиот тим на Бугарија е во тотален шок, пренесе „Спортал“.

Sportal.bg

Засега нема најави за одложување на натпреварот против Грузија во недела, како дел од групата Ц од Лигата на нации.

-Репрезентацијата на Бугарија доживеа тешка сообраќајна несреќа по пристигнувањето во Тбилиси. На пат кон хотелот на тимот, возачот на првиот од двата автобуси што ги превезуваа нашите фудбалери изгуби контрола над возилото, што резултираше со тешка сообраќајна несреќа. По судирот, Тодор Неделев бил пренесен во локалната болница каде во моментов му се вршат опсежни истражувања. Сите останати членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро, соопштија синоќа од Бугарскиот фудбалски сојуз.

Фото: Sportal.bg