Српскиот тренер Младен Крстајиќ и официјално беше претставен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.
Ова значи Крстајиќ ќе го предводи бугарскиот национален тим на мечот против Македонија во Скопје, во Лигата на нации.
Крстајиќ потпиша двегодишен договор, а во неговиот штаб се помошниците Стефан Јанковиќ, Немања Милинчиќ, Иван Иванов, како и тренерот на голманите Дарко Бојовиќ.
Крстајиќ во својата кариера ги водеше Макаби Тел Авив, ТСЦ и српската репрезентација од 2017 до 2019 година.