Бритни Спирс повторно се разголи на Instagram, обожавателите се загрижени

Бритни Спирс повторно ги шокираше фановите позирајќи разголена.

Поп-пејачката на својот Instagram профил објави неколку разголени фотографии како позира на плажа, што предизвикаа бројни реакции.

„Бритни, дали си добро?“ праша една следбеничка.

„Шокиран сум. Ти си Бритни Спирс. Нема потреба да се соблекуваш“, додаде друг.

„Те молам, побарај помош“, е исто така еден од коментарите.

Потсетуваме дека татко ѝ Џејми Спирс беше нејзин старател-конзерватор од 2008 година до минатата година, т.е. ја контролираше нејзината кариера, приватниот живот и финансиите.

Откако си ја врати контролата врз својот живот, Бритни Спирс почна редовно да објавува експлицитни содржини на социјалните мрежи.

„Веројатно се прашувате зошто дури сега го покажувам своето тело. Затоа што дојдов на овој свет гола. Се чувствував како да носам товар на рамениците и се гледам себеси низ тој објектив”, изјави претходно Бритни.

Сепак, многумина се загрижени за нејзиното ментално здравје. Таа неодамна хистерично се расплака додека се снимаше како танцува.

„Помина некое време откако не сум плачела пред камера! Тоа не е дефект, тоа е ослободување што ми требаше долго време! Духовно искуство, сигурно! Мислам дека треба да го правам тоа повеќе“, напиша таа.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...