Maкедонецот Влатко Андоновски кој е селектор на женската репрезентација на САД испиша историја не само во репрезентацијата на САД туку и пошироко.

Андоновски дозволи фудбалерка со хендикеп да настапи и тоа да одигра 90 минути во репрезентацијата на САД. САД овој натпревар против Колумбија го доби со 2:0.

Станува збор за Карсон Пикет, таа стана првата репрезентативка која настапила на фудбалски натпревар со разлика во екстремитетите.

„Добро тренираше во изминатите денови и среќен сум што одигра навистина добри 90 минути“, изјави Андоновски по натпреварот.

Коментари