Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина денес закажа пријателски натпревар против Русија во ноември.
Но, веднаш по објавата дека Босна прифатила да игра со Русија стигнаа голем број реакции поради инвазијата на оваа земја во Украина. Миралем Пјаниќ одлучи и јавно да се огласи.
На Пјаниќ не му се допаѓа тоа што неговата земја ќе игра против Русија.
„Ја слушнав одлуката на сојузот. Тие знаат што мислам јас за тој натпревар. Ме повикаа и ме прашаа, кажав што мислам. За мене таа одлука не е добра, немам зорови. Не би можел повеќе да коментирам, само ќе кажам дека не е добро“, кратко изјави Пјаниќ.
Останува да се види дали одлуката на сојузот ќе остане иста или пак ќе има промени.