Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон е на краток приватен одмор во Словенија, потврдија за агенцијата СТА од кабинетот на премиерот Роберт Голоб.
Џонсон е на задоцнет меден месец со неговата сопруга Кери.
Даунинг стрит не сакаше да објави каде Џонсон ќе оди на одмор оваа недела, но британските медиуми открија дека парот е на приватно патување во Словенија.
Според словенечките медиуми тие треба да бидат во Језерско.
Џонсон поднесе оставка како премиер по серијата министерски оставки во јули оваа година.
Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај минатата година, две години по нивната веридба.
56-годишниот премиер во заминување и 33-годишната поранешна портпаролка на Конзервативната партија се венчаа во тајност, а големата прослава се одржа пред само неколку дена, поради пандемијата на коронави
Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон е на краток приватен одмор во Словенија, потврдија за агенцијата СТА од кабинетот на премиерот Роберт Голоб.