Себастијан Алер летово направи трансфер во Борусија Дортмунд, но само неколку дена подоцна му беше дијагностициран рак на тестисите.
Напаѓачот сега го чека голема борба со болеста и веќе почна со процесот на хемотерапија, која очигледно многу го исцрпува.
Алер беше на една операција како прва фаза од третманот, и утрово за прв пат се појави негова фотографија на социјалните мрежи.
Неговата сопруга објави фотографија, на која фудбалерот изгледа непрепознатливо.