Репрезентацијата на Италија вчера запиша минимална победа против Англија со 1:0 со која Италијанците ги испратија Англичаните во Б-дивизијата како последни во групата.

Овој натпревар посебен беше за стоперот на Јувентус и италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи.

Имено, Бонучи го одигра својот 117 натпревар во дресот на „Аѕурите“ и со тоа се изедначи на вечната листа по бројот на настапи со неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Џорџо Киелини и легендата на Рома Даниеле Де Роси.

Ќе потсетиме, изненадувачки во оваа група каде што е уште Германија на првата позиција се наоѓа на Унгарија.

Коментари