Тројца затвореници го претепале Бојан Јовановски-Боки 13 во затворот „Идризово“, објави „А1он“, по што тој се здобил со повреди во пределот на главата и со брза помош бил однесен во Ургентниот центар.
Од МВР го потврди настанот, за кој неофицијално постојат и видео записи од безбедносните камери во затворот.
„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.
Нападот врз Боки 13 кој се случил во дворот на затворот Идризово, не му претходела никакви претходни вербални расправии, објави неофицијално А1он.