Силното невреме што го зафати центарот на Скопје предизвика големи проблеми во сообраќајот. Голем дел од улиците во централното градско подрачје се поплавени, поради што пожелно е да се избегне овој дел од градот.
Како што може да се забележи на видеата, создадено е големо езеро од врнежи пред Олимпискиот базен во Центар.
Во моментот голем дел од улиците се блокирани, поради тоа има и голем метеж од автомобили.
Од УХМР велат дека изразено нестабилна облачна маса се спушта од север кон Скопската Котлина и се очекува на повеќе места во градот и околината да има интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.