Синоќа ДУИ и Европскиот фронт ја запечатија победата на 24 април на идниот претседател д-р Бујар Османи и величествената победа на 8 мај – денот кога коалицијата ќе надмине +20 пратеници.
Демократската унија за интеграција во оваа прилика им се заблагодарува на сите оние – десетици илјади граѓани, активисти на политички партии – дел од Европскиот фронт кои беа дел од синоќешниот митинг на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Понизност до сите кои со нивното присуство докажаа дека Северна Македонија ќе има светла иднина и дека патот кон членството во Европската Унија е неповратен, иако проруските кругови во земјава го сакаат спротивното.
ДУИ и Европскиот фронт ги уверуваат сите граѓани без разлика на етничката припадност, дека и по 8 мај ќе продолжиме со проевропските политики заедно со нашите западни партнери, ЕУ и нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави.
Гаранција за тоа ќе биде заложбата на претседателот д-р Бујар Османи, кој докажа дека знае да ги води најважните институции во државата.
Во исто време, ве повикуваме сите во среда да го заокружиме бројот 4 и на 8 мај да им го зададеме последниот удар на соработниците на Русија, кои сакаат да ја вратат земјата во периодот од пред 2001 година.